сабота, 27 јули 2024

Аргентина одби да се приклучи на сојузот на Путин и Си

Аргентинската влада го повлече членството на таа јужноамериканска земја во групата на економии во развој БРИКС, што требаше да започне на почетокот на јануари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новиот, ултра-либерален претседател Хавиер Милеи официјално го објави откажувањето во писмо до земјите-членки Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, потврди вчера министерката за надворешни работи на Аргентина Дијана Мондино во интервју за весникот „Ла Насион“.

Во писмото на новиот аргентински претседател, кое го објавија тамошните медиуми, Милеи наведува дека „надворешнополитичката позиција на владата што ја води веќе неколку дена во многу случаи се разликува од онаа на претходната влада“. Затоа, како што се наведува, „некои претходно донесени одлуки ќе бидат преиспитани“.

Милеи положи заклетва како нов претседател на почетокот на декември, откако победи на изборите со радикални ветувања за економски и политички пресврт. На самитот на БРИКС во јужноафриканскиот град Јоханесбург во август, изненадувачки беше најавено проширување на групата за шест нови членки.

Покрај Аргентина, на сојузот важни економии во развој на 1 јануари 2024 година треба да се приклучат Саудиска Арабија, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Етиопија. Тогашниот аргентински претседател Алберто Фернандез го поздрави членството со оглед на геополитичките и економските предизвици со кои се соочува неговата земја.

Според министерката Мондино, тоа било идеолошка и практична одлука. „Целта на БРИКС е трговија со земји со кои веќе имаме договори“, додаде таа. Владата на Милеи затоа ќе работи на „интензивирање на билатералните односи“ со петте сегашни членки на БРИКС, се вели во писмото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ