петок, 18 октомври 2024

Аргентина и Шпанија ќе се борат за трофејот „Финалисима“

Шампионот од Европското првенство, селекцијата на Шпанија и освојувачот на Копа Америка, репрезентацијата на Аргентина, ќе се борат за трофејот „Финалисима 2025“.

Објавено на

часот

Сподели

Се уште нема точен датум за средбата, но таа најверојатно ќе се одигра во јуни или јули следната година во САД. Наскоро треба да има официјална потврда.

Шпанија до европскиот трофеј стигна со победа над Англија од 2-1, додека Аргентина со 1-0 славеше над Колумбија во Копа Америка.

Во претходното издание на „Финалисима“, Аргентина ја победи Италија во 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ