недела, 23 март 2025

Аргентина го победи Уругвај во Монтевидео, следен е Бразил (ВИДЕО)

Уругвај и Аргентина одиграа тврд натпревар на кој беше постигнат само еден гол, актуелниот светски шампион со 1-0 го доби мечот.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа беше класичен јужноамерикански меч, со многу борбеност и тензија, но со малку шанси за гол.

Аргентина во овој меч играше без Меси и Лаутаро кои се повредени, но и покрај тоа дојдоа до триумф.

Единствениот погодок на мечот се случи во 68. минута кога Алмада реализираше за водство од 1-0 што значеше и победа за Аргентинците.

Во следното коло од квалификациите за СП, Аргентина го пречекува Бразил на Монументал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ