недела, 20 октомври 2024
Видеото има над 5 милиони прегледи

Арда Ѓулер ги запали социјалните мрежи со еден потег на тренингот на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Арда Ѓулер важи за голем талент, многумина го нарекуваат „турскиот Меси“, па Реал Мадрид не штедеше за да ја добие битката со Барселона на трансфер пазарот и да го донесе во своите редови ова лето.

Офанзивниот фудбалер веднаш се стави во тренажен процес и уште на првите тренинзи почна да ги воодушевува навивачите.

Денеска изведе пируета во стилот на Зинедин Зидан, елегантно се ослободи од својот чувар и потоа рутински со лева ја затресе мрежата.

Видеото на твитер профилот на Реал Мадрид веќе има над 5 милиони прегледи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ