сабота, 21 декември 2024

Арбитражата гарантира правна сигурност и механизам за привлекување на странски инвестиции, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски ја отвори  Конференцијата за трговска и инвестициона арбитража во организација на VIAC (Vienna Center for International Arbitration) , MAIC (Macedonian Association of in-House Counsel) и адвокатското друштво Three Crowns.

Објавено на

часот

Сподели

„Арбитражата како средство за решавање на спорови обезбедува стабилна економска и правна сигурност во меѓународните договори, гарантира транспарентност и предвидливост на постапките,  а со тоа претставува механизам за привлекување на странски инвестиции нудејќи стабилност и правна заштита на деловните субјекти“, истакна тој.

Николоски посочи дека Владата дава поддршка за организирање вакви настани со цел унапредување на процесите, поттикнување и поддржување за користење на арбитражата како средство за сигурност на инвестициите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ