„Каталонците“ долго време беа во подредена улога во Сан Себастијан, Тер Штеген во неколку наврати со одлични интервенции спасуваше, но на крајот стигнаа до победа од 0-1.
Херој на гостите беше Араухо, дефанзивецот во улога на напаѓач, во право време се уфрли и со глава ја затресе мрежата на Реал Сосиедад во 94. минута.
Во прв момент беше досуден офсајд, но ВАР го потврди голот за 0-1, па Барселона се израдува на три бода.