сабота, 27 јули 2024
Португалецот е свесен дека ова се пари кои го менуваат животот

Арапите со скандалозен предлог тропнале и на вратата на Мурињо, понудиле неверојатни 120 милиони

Објавено на

часот

Сподели

Саудиска Арабија направи бум во светот на фудбалот кога го донесе Кристијано Роналдо, кој ќе заработува околу 200 милиони евра годишно.

Арапите сакаат на големо да се промовираат преку фудбалот па неколку звучни имиња како Лео Меси, Серхио Рамос, Лука Модриќ и Марко Ројс добија примамливи понуди.

Како што пренесува Кориере дело Спорт, Саудиска Арабија тропнала и на вратата на Жозе Мурињо, челници во ФФСА стапиле во контакт со Португалецот и му понудиле неверојатни 120 милиони евра за двегодишна соработка, односно да го направат далеку најплатениот тренер во фудбалот.

Жозе Мурињо би станал нов селектор на Саудиска Арабија, или пак би седнал на кормилото на еден од двата гиганти, Ал Наср или Ал Хилал.

Самиот Жозе Мурињо е свесен дека ова се многу пари и животот ќе му се промени и на него и на неговите помошноци, па разговарал со најблиските соработници за следниот чекор и сакал да го слушне нивното мислење.

Се верува дека тој преферира да остане во Рома и чека средба со сопствениците на клубот пред да донесе одлука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ