сабота, 19 октомври 2024
Фудбалерот на Интер не брза со одлуката

Арапите доаѓаат во Хрватска да го убедат Брозовиќ, а тој се мајтапи: Доволни се 50 милиони!

Објавено на

часот

Сподели

Интер и Ал Наср се договорија за трансфер на Марсело Брозовиќ вреден околу 23/24 милиони евра, но фудбалерот го одби предлогот тежок 20 милиони евра по сезона.

Се вели дека тој побарал 30 милиони евра годишно за да го игнорира интересот на Барселона и да се пресели во Саудиска Арабија.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Ал Наср испраќа емисари во Хрватска да го убедат Марсело Брозовиќ да каже ДА.

Во меѓувреме, фудбалерот се мајтапеше на социјалните мрежи, на еден коментар дека на Арапите треба да им побара 40 милиони евра по сезона, тој напиша: „50 милиони се доволни“ и стави насмеано емоџи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ