вторник, 10 декември 2024

Апсење на педофили низ Србија: демнеле деца на интернет и ги мамеле на средби

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничените се уапсени за постоење основан сомнеж дека извршиле кривични дела набавка, прикажување и поседување порнографски материјал со детска порнографија, искористување малолетници за порнографија и сексуално вознемирување.

Уапсени се П. Р. (47) од Вршац, С. И. (44) од Белград, Д. Ф. (51) од Бечеј, П. Г. (45) од Ада, Л. Р. (62) од Бачка Топола, Ј. С. (51) од Прокупље, С. В. (62) од Велико Градиште, Е. Г. (48), В. Д. (34), С. П. (34) од Нови Сад, У. С. (34) од Шабац и Д. М. (49) од Крагуевац“, соопшти српското министерство.

Се сомнева дека тие подолго време, преку интернет, преземале, снимале на уреди и споделувале содржини направени со искористување малолетници во порнографски цели.

Исто така, се сомнева дека преку социјалните мрежи и мобилни апликации стапувале во контакт со малолетници и од нив набавувале содржини направени со искористување деца за порнографија, соопшти српската полиција.

„Осомничени се дека договарале и оствариле средби со малолетници со цел стапување во сексуални односи. На осомничените им е одредено задржување до 48 часа и тие, со кривична пријава, ќе бидат изнесени пред надлежното обвинителство“, соопшти српското министерство за внатрешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ