недела, 19 мај 2024

Април беше еден од најтоплите во последните 30 години

Април годинава беше еден од најтоплите во последните 30 години. Се карактеризираше како многу топол месец со нормална врнежливост, максималната температјура од 30,7 степени беше измерена во Гевгелијаи, информираат од УХМР.

Фото: МКД.мк

Објавено на

часот

Сподели

Средномесечната температура изнесувала од 7,9°С во Лазарополе до 16,6°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната била 2,5 °С над просекот на ниво на држава.

„Највисоката максимална температура беше измерена на 14 април во Гевгелија и изнесуваше 30,7 °С. На територијата на државата во текот на месецот, од 5 до 16 ти беше забележен продор на топлотен бран. Забележена е појава на слаб мраз на повисоките места од 18-ти до 22-ри во месецот. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 20 април и изнесуваше -3,1 °С“, велат од УХМР.

Во месец април минатата година, месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 26 mm во Демир Капија до 80 mm во Маврово.

„Врнежите беа од дожд и снег. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 26 мм беше регистрирано во Берово на 18-ти, додека максимална снежна покривка од 9 см беше измерена во Попова Шапка на 21-ви во месецот“, нагласуваат од УХМР.

Споредено со априлската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), додаваат од Управата, измерената месечна сума на врнежи била околу просекот, на ниво на држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ