„Веќе не станува збор за закрепнување, туку за туристички сектор во полна кондиција за што сите заедно работевме изминативе три години. Резултатите од првите три квартали не само што даваат право да изјавам дека ќе ги надминеме предвидените 530 милиони долари за 2023, туку и проектираните 550 милиони долари за 2024 година. Чудата се возможни, а тие да се случат потребно е да веруваме во себе и другите и континуирано да постигнуваме ситни, мали победи на секое поле“, потенцираше директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски.
Според него, бројките говорат дека земјава е дестинација за 4 сезони, се продолжува сезоналноста, континуирано се поместуваат целите со фокус не само на квантитет туку и на квалитет. Фокусот е на активните форми на туризам, руралниот и еко туризам, како и зајакнета понуда на ено-гастро концептот. Новите трендови кај потрошувачите создадоа нова туристичка реалност и нови туристички интереси. |