вторник, 16 април 2024

Aпокалиптика во Скопје на Таксират

Една од најжестоките светски лајв атракции, symphonic metal бендот Apocalyptica доаѓа во Скопје за отварањето на 26.Таксират Фестивал!

Објавено на

часот

Сподели

Ова е нивната досега најатрактивна и најголема светска турнеја со наслов „Apocalyptica Plays Metallica Vol.2 “, а кај нас ќе бидат гости на 29-ти ноември во „Борис Трајковски“. Спојувајќи ја класичната музика со хеви метал како никој досега, Apocalyptica за кратко време станаа светска атракција.

Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот. На нивните албуми гостувале: Sandra Nasic od Guano Apes, Dave Lombardo (Slayer), Ville Valo (HIM), Lauri Ylönen (Rasmus), Till Lindemann (Rammstein), Corey Taylor (Slipknot) Adam Gontier (Three Days Grace) , Gavin Rossdale, (Bush) и многу други.

Влезниците ќе бидат во пуштени во продажба од петок vo 10:00, преку продажната мрежа на Mк билети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ