сабота, 27 јули 2024

Апликацијата Бокси со илјадници книги и за возрасни

На најљубопитните деца коишто ги обожаваат книгите и сакаат да читаат каде и да се, веќе им е позната апликацијата Бокси (Boksy)првата детска апликација за читање онлајн и слушање аудио книги.

Објавено на

часот

Сподели

Boksy на иновативен начин ја збогати македонската детска литература и ги подобри читачките навики на најмладите. Но, овој пат апликацијата ни доаѓа збогатена со илјадници наслови и за возрасни и на тој начин станува апликација за читање на целото семејство. Преку стотици е-книги и аудио книги ќе бидат достапни на македонски, англиски и албански јазик, а нивниот број континуирано ќе расте.

Новата верзија на апликацијата е подобрена по бројни основи:

– Е-читач што овозможува лесно и прегледно читање на сите екрани, со можност за прилагодување на фонтот по големина, кај некои наслови овозможен е и фонт прилагоден за луѓе со дислексија.

– Аудио книги за деца и возрасни со можност за подесување дури и пред заспивање.

– Илјадници книги на англиски и македонски јазик за возрасни и аудио книги за деца.

– Топ листа со игри за оние со натпреварувачки дух, како и аватари за поттикнување и негување креативност кај најмладите.

– Roblox гифт картички како и уште многу изненадувања во иднина за оние кои обожаваат игри.

– Достапност на мобилен или таблет во секое време и насекаде.

– Месечни подароци за најдобрите читатели од топ листата!

– Нови, внимателно избрани наслови секој месец.

Важна е и соработката со речиси сите домашни издавачи, што истовремено значи дополнителна поддршка на домашните автори и авторки во мисијата, домашната литература да допре до што поширока публика од читатели, во правец на нејзино унапредување и популаризирање.

Апликацијата Boksy придонесе македонската детска литература да биде на дофат на децата, збогатена со многу забавни содржини и можности за гејмификација. Но, насловите за возрасни дополнително ќе им овозможат на семејствата да изградат подобри односи со книгите, да стекнат корисни навики за повеќе читање и најважно, да поминуваат повеќе квалитетно време заедно додека читаат на екраните.

Апликацијата Boksy може да се преземе од App Store & Google Play Storeа истата е компатибилна за мобилен телефон и таблет. Корисниците ќе може да се претплатат и за само 399 денари месечно да уживаат во дигиталната библиотека и многу игри за деца.

Повеќе информации за апликацијата се достапни на веб страницата boksy.mk.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ