понеделник, 21 октомври 2024

Апликацијата Телеграм за својот уапсен шеф: Нема што да крие

Од апликацијата Телеграм рекоа дека нивниот извршен директор Павел Дуров „нема што да крие“ откако беше уапсен во Франција, додавајќи дека обвинувањата против него се „апсурдни“, пишува Скај њуз.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Милијардерот, основач на апликацијата за шифрирани пораки, беше приведен откако неговиот приватен авион слета на аеродромот Ле Бурж на периферијата на Париз во саботата.

Телевизијата БФМТВ и ТФ1 цитираат неименувани извори кои велат дека бизнисменот со руско потекло, кој стана француски државјанин во 2021 година, бил предмет на налог за претрес.

Двата медиума сугерираат дека истрагата се фокусирала на недостигот на модератори на Телеграм и потенцијалните криминални активности од страна на корисниците.

Тие рекоа дека налогот вели дека неговата платформа се користи за перење пари, шверц на дрога и други кривични дела, иако француските власти допрва треба да коментираат.

„Телеграм е во согласност со законите на ЕУ, вклучувајќи го и Законот за дигитални услуги – неговата модерација е во рамки на индустриските стандарди и постојано се подобрува. Извршниот директор на Телеграм, Павел Дуров нема што да крие и често патува во Европа“.

„Апсурдно е да се тврди дека платформата или нејзиниот сопственик е одговорен за злоупотреба на платформата“, се вели во вчерашното соопштение на Телеграм.

Телеграм е основан од Дуров, кој ја напушти Русија во 2014 година, откако одби да ги исполни барањата на властите да ја затвори опозицијата на својата платформа ВК, која ја продаде.

Телеграм е шифрирана апликација, со близу милијарда корисници и е особено влијателна во Русија, Украина и републиките на поранешниот Советски Сојуз. Таа е рангирана како една од главните социјални мрежи по Фејсбук, Јутјуб, Ватсап, Инстаграм, Тикток и Вичет.

Форбс го проценува богатството на Дуров на 15,5 милијарди долари. Тој во април рече дека некои влади се обиделе да извршат притисок врз него, но тој верува дека апликацијата треба да остане неутрална платформа, а не „играч во геополитиката“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ