сабота, 27 јули 2024

АПИС и АСОМ најавуваат иницијатива пред Уставен суд и кривични пријави

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најавува дека по изгласувањето на предлог измените на Законот за игри ќе ги преземат сите правни механизми за спречување на овој штетен закон кој ќе донесе сериозни последици за целата држава. Од Асоцијацијата на приредувачите на игри на среќа (АПИС) во писмото до претседателот на државата предупредуваат дека, ако Стево Пендаровски го потпише указот за овој закон, во Македонија, како и во 1990 година, ќе никнат диви играчници и тогаш младината навистина ќе биде загрозена.

Објавено на

часот

Сподели

„Во повеќе наврати и претходно изјавувавме дека ќе ги искористиме сите законски можности, меѓутоа сега, откако истиот единствено чека на потпис на претседателот Стево Пендаровски, сакаме да порачаме дека остануваме на ставот за покренување правни постапки, и тоа за злоупотреба на европското знаменце при целиот процес… Повторуваме дека сме подготвени да ги преземеме сите можности во рамки на законот, дури ако е потребно и кривични пријави за да се докаже злоупотребата на европското знаменце. Воедно, сметаме дека постојат и одредби кои не се усогласени со Уставот, па затоа сме подготвени да поднесеме постапка и пред Уставен суд“, соопштија од АСОМ.

Претседателот на државата Стево Црвенковски лани по средбата со претсавници на АПИС и АСОМ изјави дека нема да го потпише указот за измените во овој закон. Претходно уште во февруари 2023 евроамбасадорот Дејвид Гир јавно порача дека европското знаме не смее да се злоупотребува за избегнување на дискусиите за важни прашања директно посочувајќи дека мисли на игрите на среќа.

„Не постои друг пример во законодавен дом на земја членка на НАТО, која сака да стане полноправен член на Европската Унија, да се спречува гласање на народни избраници со брутална злоупотреба на ЕУ знамето. Претседателе, хронолошки гледано сите факти упатуваат дека постои основа веднаш да постапувате согласно член 75 од Уставот. Клучната дилема е дали ќе постапувате како заштитник на Уставот или исклучиво низ призмата на дневната политика? Ние сакаме да веруваме дека ќе постапите државнички и ќе спасите 10 илјади работни места. Вработените во овој сектор се обични луѓе, меѓу кои има и родители на малолетни деца кои чесно си ги заработуваат платите и не сакаат да бидат избркани од сопствената држава.  Ако го потпишете указот за стапување во сила на овие измени, ќе станете соучесник во враќањето на Македонија во 1990 кога имаше покер апарати зад завеси во кафулиња, диви играчници по подруми во секое маало, државата ќе нема никаква контрола, тогаш младината навистина ќе биде загрозена. Само поставете си го прашањето, кога младите се повеќе заштитени, сега кога игрите на среќа се одвиваат на легален начин или кога ќе се организираат на црно и државата ќе нема никаква контрола? Илјадници Македонци од економски маки ги напуштаат своите родни огништа и си ја бараат среќата во туѓина. Ако стапат на сила измените најмалку 35 илјади луѓе ќе станат нови кандидати за иселеници во западните земји.

Уште еднаш апелираме да останете доследни на вашиот јавен став од декември 2023 дека нема да го потпишете указот бидејќи е јасно дека не постои јасна ЕУ директива за вакви измени на Законот за игри на среќа да се истуркаат со скратени деловнички процедури кои предвидува ЕУ знамето.

Доколку законските измени стапат во сила бидете сигурни дека нашата институционална и демократска борба ќе продолжи. Ќе водиме правни битки, ќе следи иницијатива пред Уставен суд, ќе следат тужби за астрономски отштети кои ќе се прекршат преку грбот на народот. Без  егзистенција ќе останат 10 илјади вработени, 54 до 100 илјади други работни места кои се поддржуваат преку легалните игри на среќа ќе доживеат сериозен економски удар, сопствениците на објектите ќе останат без закупнина, банките ќе активираат хипотеки и други гаранции. Државниот Буџет ќе изгуби 280 милиони евра годишен приход што е најмалку пет проценти од планираните државни приходи за 2024. Претседателе, вие сте на потег“, се вели во апелот до Пендаровски од АПИС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ