сабота, 27 јули 2024

Апелациониот суд Скопје постапува со намален број на судии, само 28

Објавено на

часот

Сподели

Ова е заклучокот од седницата на судии на Апелациониот суд Скопје, на која се разгледало и се дискутирало прашањето по сите видови предмети по кои судот постапува, вклучително и предметите од висок профил и од висок јавен интерес, со акцент на зголемување на ажурноста во постапувањето на истите, а притоа имајќи ја предвид моменталната состојба и намалениот број на носители на судиска функција во судот.

„За подобрување на ажурното постапување и одлучување по предметите од јавен интерес потребно е првенствено да се почитуваат внатрешните процедури за управување со движењето на предметите во Судот, Програмата и Планот за спречување на корупција и судир на интереси и воспоставените процедури по ИСО стандардизацијата, како и Стратешкиот план на Судот“, соопштија денеска од Апелацискиот суд.

Како е воочена потреба од допрецизирање на определени активности и мерки пред се во интерес на ажурно и ефикасно постапување, од Апелацискиот суд најавија дека дополнително ќе се донесат внатрешни процедури како составен дел на веќе донесените, а во согласност со Законот за движење и управување со предметите во судовите.

Во моментот Апелациониот суд Скопје постапува со намален број носители на судска функција и тоа 28 судии, од предвидените 52 судии.

„Ажурното постапување по сите видови предмети, вклучително и оние од висок јавен интерес, во голема мера зависи од пополнетоста на судиските места и само како напомена дека во Апелациониот суд Скопје во Кривичниот оддел на судот се распоредени шест судии кои постапуваат по овој вид предмети“, се наведува во соопштението од Апелациониот суд Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ