понеделник, 9 декември 2024

Апелација ја укина ослободителната пресуда во предметот Тревник на поранешното СЈО

Објавено на

часот

Сподели

„Апелациониот суд Скопје, на нејавна седница, одржана на ден 5 мај 2023 година, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-1083/22, во јавноста познат како Тревник, ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје, со која обвинетите Д.П., С.П., и З.П., сите од С., се ослободуваат од обвинението и одлучи да се закаже расправа пред Апелациониот суд Скопје“, стои во соопштението од Апелација.

СЈО го покрена овој случај за бесправно градење три викендички во Зелениково. Првата ослободителната пресуда беше изречена во 2019 година, истата во 2020 беше укината од Апелација, а предметот беше вратен на повторно судење во Основниот Кривичен суд во Скопје, и по втор пат, во 2022 година, повторно доби ослободителна пресуда.

Од Апелација дополнуваат дека датумот и часот на рочиштето ќе бидат дополнително објавени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ