сабота, 27 јули 2024

Апелацискиот суд ја намали сумата која Трамп мора да ја плати на 175 милиони долари

Апелацискиот суд во Њујорк му даде денес на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп уште десет дена да плати 175 милиони долари за жалбата на пресудата за измама.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судот со тоа ја намали сумата која Трамп треба да ја плати, од 464 милиони долари, пренесува Си-ен-ен. Доколку не ја уплати сумата која му е одредена, њујоршките власти би можеле да запленат некои негови недвижности.

Минатиот месец, судијата Артур Енгорон пресуди дека Трамп и неговата компанија незаконски ја преувеличувале вредноста на своето богатство и манипулирале со вредноста на имотот за да добијат поволни кредити од банките и поволни услови од осигурителните компании.

Трамп е веројатниот кандидат на републиканците на претседателските избори во ноември, но се соочува со финансиски проблеми при собирањето средства за кампањата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ