четврток, 16 јануари 2025

Апелациониот суд потврди дека премиерот Мицкоски бил навреден и клеветен од СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук-профил објави дека Апелациониот суд Скопје ја отфрлил жалбата на СДСМ на пресудата на Основниот граѓански суд Скопје, со која се потврдува тужбата на Мицкоски дека бил наклеветен на социјалните мрежи од политичката партија СДСМ, со објавата дека е „антизападен шпион и продолжена рака на криминалецот Груевски“.

Објавено на

часот

Сподели

„И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија.  По којзнае којпат, откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат по судски пат, се докажа дека сум предмет на континуиран измислен и клеветнички напад, јас и моето семејство од страна на политичките противници.

Не очекувам да престане оваа методологија, но секогаш кога политичка партија ќе изнесе лажно тврдење, конструирано со невистини и клевети, а не во прашална форма како што често го прават на кукавички начин, ќе ја барам правдата по легален, судски пат.

Пресудата е јасна, клеветничката СДСМ треба на свој трошок да ја објави пресудата и да се извини за лагите кои се изнесени. Ова е уште една потврда дека неколкупати по ред, без исклучок ги губат судските случаи, затоа што клеветат, дури и ваквото судство не може да ги ‘испере’ “, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук, покрај објавата на пресудата на Апелациониот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ