сабота, 27 јули 2024
За да се намалат смртните случаи во сообраќајот

Апел до Французите: „Возете како жена!“

Француското здружение за безбедност на патиштата ги повика луѓето да „возат како жени“ за да се намали бројот на смртните случаи во сообраќајни несреќи, пренесе Бизнис инсајдер.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Жртви&граѓани, група посветена на поддршка на жртвите од сообраќајни несреќи, започна кампања за да се обиде да го сузбие, како што вели, „мизогинскиот“ стереотип дека мажите се подобри возачи од жените.

Врз основа на податоците од француската Национална опсерваторија за безбедност на патиштата за 2022-2023 година, групата рече дека 84% од фаталните несреќи биле предизвикани од мажи.

Во 2022 година, според еден извештај на француската влада, 3.550 луѓе загинале на патиштата во Франција и нејзините прекуморски територии.

„Кога ги гледаме бројките, тие се јасни: за да останат живи зад воланот, најдоброто нешто за мажите е да го усвојат истото однесување како жените“, се вели на веб-страницата на кампањата.

Жртви&граѓани, исто така, наведува податоци што покажуваат дека 88 отсто од загинатите млади возачи се мажи, 93 отсто од пијаните возачи вклучени во сообраќајни несреќи се мажи, а жените имаат осум пати помала веројатност да доживеат фатална сообраќајна несреќа.

„Статистички, возењето како жена значи само едно – да се остане жив“, напиша групата на својата веб-страница.

Историски гледано, мажите имале повисоки премии за осигурување бидејќи осигурителните компании ги гледаат како поголем ризик, според Јаху фајненс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ