понеделник, 16 декември 2024

Апасиев: „Ванчо Михајлов“ го затворија, таблата остана, пак да не е надлежен Ламбе?

Објавено на

часот

Сподели

„Го затворија фашистичкиот клуб ‘Ванчо Михајлов’ од Битола, ама сега не знаат кој е надлежен да ја извади таблата!? Добронамерен совет: ај извадете ја побрзо (Општина Битола, Министерство за култура или МВР) – да не испадне после дека пак ЛАМБЕ е надлежен!“, порача лидерот на Левица.

Таблите „Клуб Ванчо Михајлов-ВМРО“ и Културен центар „Иван Михајлов“ и натаму се нечепнати иако здружението е избришано од Централен регистар, за што одлуката ја потпиша министерот за правда Кренар Лога, откако доби мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности.

Оваа стручна комисија што беше формирана неодамна оцени дека името Иван (Ванчо) Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ, зашто се работи за личност блиска со фашистичка идеологија и која ја негирала посебноста на македонскиот народ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ