сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Апасиев: Со 8 до 12 пратеници ќе се бориме за македонските интереси

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев пред почетокот на завршниот митинг на партијата во Градски парк во Скопје изјави дека очекува оти нема да може влада да се состави без Левица. Тој изрази и очекување дека Левица во идниот парламент ќе има 8 до 12 пратеници што ќе биде, како што нагласи, можност за фајтерска битка за македонските државни и национални интереси. За време на митингот Апасиев им порача на етничките заедници: „Елајте браќа заедно да го вееме бајракот на слободата“.

Објавено на

часот

Сподели

Апасиев кој е носител на кандидатската листа за пратеници на Левица првата изборна единица ги повика граѓаните масовно да излезат на избори во среда.

„Ние ја понудивме нашата македонска платформа и очекуваме идниот мандатар на ниво на таа платформа, да почне преговори. Апелираме до гласачите масовно да излезат и да гласаат на овие двојни избори. Очекуваме солидна бројка, дуплирање на резултатот од претседателските избори и освојување на прва пратеничка група на Левица од осум до 12 мандати, зависно од излезноста. Очекуваме машки фајт и битка внатре во Собранието, за македонските национални интереси“, подвлече Аапсиев, изразувајќи благодарност до сите активисти, волонтери, на сите кои дале придонес во изминатиот период.

Апасиев нагласи дека е потребна брза и одлучна политичка акција за конечен пад на, како што рече, овој корумпиран хибриден режим.

„Секој сериозен и прогресивен човек има граѓанска должност да придонесе во борбата за слобода од мафијата, внатрешните квислинзи и домашниот окупатор. На овие избори бираме помеѓу македонизмот на левицата и антимакедонизмот на буржујските партии“, изјави Апасиев.

За време на митингот во Парк, Апасиев порача дека AСНОМ е она што сега го возобнувува Левица.

„Тие што нè ословуваа дека сме националисти, нека знаат дека повеќе Турци и Бошњаци ќе влезат преку листите на Левица, отколку преку нивните етнотрибалистички листи. Сиромашниот Албанец, сиромашниот Ром, сиромашниот Бошњак, сиромашниот Турчин ни е поблизок од македонскиот чорбаџија. И затоа, елајте, браќа и сестри! Елајте, народи и народности! Елајте во Левица, за да го вееме бајракот на слободата!”, рече Апасиев во своето обраќање кон граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ