сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Апасиев: На овие избори ќе победи Македонската платформа

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска од Битола порача дека пред граѓаните стојат три платформи во изборот за претстојните парламентарни избори.

Објавено на

часот

Сподели

„Првата платформа е Тиранска платформа зад која стојат необалистички партии на албанското малцинство без оглед дали е ДУИ, дали е коалиција Вреди – тоа е еден ист концепт, кој води кон разградување на државата. Втората платформа е Софиската платформа зад која што стојат македонските буржујски партии, СДС и ДПМНЕ. И третата платформа, која ние денес јавно ја обзнанивме – тоа е Македонската платформа во 5 точки за зачувување на територијалниот интегритет, суверенитет, унитарноста и државните инсигнии. Левица ќе коалицира со Влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава. На овие избори, македонскиот народ ќе стави крај на диктатите и поразите од режимот на СДС и ДУИ и повторно ќе ја возобнови Републиката!“, порача Апасиев од Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ