сабота, 27 јули 2024

Апасиев: Марксисити-ленинисти заедно со ДУИ во опозиција

Претседателот на Левица Димитар Апасиев, во интервјуто за ,,Слободен печат” истакна дека сега остануваат „марксисти – ленинисти заедно со ДУИ во опозиција“.

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека Али направи за првпат сериозна грешка. Досега играше маестрално со нашите недоквакани политичари. Грешката е во тоа што дури 9 од своите пратеници им ги отстапи на коалиционите партнери. Загуби уште еден при прегласувањето. Дел од тие што ги има, ќе бидат купени“, потенцираше Апасиев.
Пратеникот Апасиев се осврна конкретно на „пратениците на Али“ кои остануваат во Собрание.
„За првпат Али ги стави старите ‘учки – кадри’. Тука се: Муса Џафери, Блерим Беџети, претходниот спикер – сегашен премиер… Тие веќе не ти градат парламентарна кариера. Тие луѓе нема да поднесуваат акти, тие ќе си спијат, ќе доаѓаат само за гласање… Младата екипа негова – младите орлиња му ги нема на пратеничката листа, нема кој да му ја води парламентарната група и тие ќе се изгубат комплетно. Мислам дека стратешки погреши и веќе сфатија дека е пуштен низ вода“, рече Апасиев.
Тој се осврна и на „оние кои одат во опозиција и на овие кои доаѓаат на власт“.
„Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши“, рече Апасиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ