сабота, 27 јули 2024
Лидерот на Левица до собранискиот спикер

Апасиев го праша Митрески дали тој или Џафери процедурално постапува исправно

„Кој од вас двајца постапува правилно? Дали Талат Џафери, со двојазичност за која протестиравме три години, или вие со еднојазичноста? Не може од етничката припадност на функционерот да зависи примената на законите“? Вакво прашање процедурално на претседателот на парламентот Јован Митрески му постави лидерот на Левица, пратеникот Димитар Апасиев и потоа додаде:

Објавено на

часот

Сподели

„Според членот 44 од преодни и завршни Одредби од Законот за Влада, кој вели дека заради организирање избори на пратеници, Собранието по предлог на претседателот на Владата, сто дена пред одржувањето избира техничка или преодна Влада – Џафери сè уште не е претседател на Влада и не го исполнува законскиот услов да продолжи Влада!?
Веќе за наредна недела имате закажано седници (комисиски) за административни службеници, вработени во јавен сектор, национални агенции, академии за судии, закон за трговски друштва, НБРМ, МАНУ, нотаријат, шуми… Што е ова, на овие државни институции, во контекст на идните избори!? Каква е таа техничка Влада, ако продолжува со редовна работа до самите избори – па нели е само за организирање избори?”, рече Апасиев.
Митрески рече дека нема кршење на Деловникот и нагласи дека тој го познава македонскиот јазик, а не и албанскиот и затоа потпишал тоа што можел и да го прочита и разбере.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ