четврток, 23 мај 2024

АП: Владата на Бајден нема да заклучи дека Израел ги прекршил условите за користење американското оружје

Извештај на администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден, кој наскоро ќе биде објавен, нема да го содржи заклучокот дека Израел ги прекршил условите за користење американско оружје, кажале денес три извори запознаени со содржината на документот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува извештајот да биде многу критичен кон Израел, иако во него нема да има оценка дека Израел ги прекршил условите на американско-израелските договори за вооружување, кажал еден американски функционер.

Двајца американски функционери и уште едно лице кои се запознаени со наодите на меморандумот за национална безбедност кој американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе му го претстави на американскиот Конгрес ја коментирале содржината на документот пред неговото објавување, и затоа побарале анонимност.

Еден висок функционер на американската влада кажал дека објавување на меморандумот се очекува во текот овој ден, но одбил да ги коментира наодите на документот.

Документот доаѓа по седум месеци израелски воздушни напади, копнени напади и ограничување на пристапот до хуманитарна помош на жителите на Газа, со 35.000 убиени, главно палестински жени и деца.

Под притисок на пратениците на Демократската партија на САД и други, администрацијата на Бајден е принудена да објави проценка, прва од тој вид, дали Израел во војната против Палестинците законски ги користи бомбите и другата воена поддршка која ја добива од САД.

Израел е најголемиот примател на американска воена помош и е безбедносен партнер на САД повеќе од половина век.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ