четврток, 23 мај 2024

АП: Украина засега ги повлече тенковите Абрамс од борба

Украина ги отстрани борбените тенкови Абрамс М1А1 од фронтот, потврдија двајца американски воени претставници за Асошиетед прес. Ваквиот потег го објаснија со тоа што руските беспилотни летала ја отежнуваат операцијата на тенковите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

САД се согласија да испратат 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година по агресивната повеќемесечна кампања на Киев. Украинците тврдат дека тенковите, кои чинат околу 10 милиони долари по парче, се клучни за нивната способност да ги пробијат руските линии.

Сепак, бојното поле значително се промени оттогаш, особено со сеприсутната употреба на руски дронови за надзор и беспилотни летала камикази. Тоа оружје ѝ отежна на Украина да ги заштити тенковите кога руските беспилотни летала ќе ги откријат.

Пет од 31 тенк веќе се изгубени во руските напади. Висок американски воен функционер, под услов за анонимност, истакна дека ширењето на беспилотните летала на украинското бојно поле значи „нема отворен терен по кој можете само да возите без страв дека ќе бидете откриени“.

Потпретседателот на Здружениот генералштаб Кристофер Грејди исто така потврди дека тенковите се поместени од линијата на фронтот, но најави и дека Вашингтон ќе му помогне на Киев да подготви нова тактика. „Кога размислувате за начинот на кој борбата еволуирала, масивниот оклоп во средина каде што беспилотните воздушни системи се сеприсутни може да бидат изложени на ризик“, рече тој, додавајќи дека тенковите се сè уште важни.

„Ќе работиме со нашите украински партнери и другите партнери на терен за да им помогнеме да размислат како можат да ги користат, во таква променета средина, каде што сè е веднаш видливо“, продолжи тој.

Веста за повлекувањето на тенковите доаѓа кога се одбележува втората годишнина од формирањето на Украинската одбранбена контакт група, коалиција од околу 50 земји што се состанува месечно за да ги процени потребите на бојното поле на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ