сабота, 27 јули 2024

АП: Српскиот популистички претседател и лидерот на босанските Срби организираа голем националистички собир

Американската новинска агенција Асошиејтед прес пишува денес дека „српскиот популистички претседател повика на мир и хармонија на Балканот, иако тој и лидерот на сепаратистите босанските Срби организираа голем националистички собир на кој повикаа на единство на сите Срби во регионот што е порака која ги крена веѓите во соседните држави“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

АП пишува дека „Сесрпскиот собир под паролата „Еден народ, еден собир“ вклучил илјадници босански Срби и оние кои во српската престолнина Белград допатувале од соседните земји, вклучувајќи ги Црна Гора и Македонија“.

Собирот е организиран „само неколку недели откако Генералното собрание на Обединетите нации изгласа 11 јули секоја година да се прогласи за меѓународен ден на сеќавањето на геноцидот во Сребреница во 1995 над повеќе од 8.000 босански Муслимани од страна на силите на босанските Срби. Србија и босанските Срби остро се спротивставија на таа одлука“, пишува АП.

Собирот, продолжува АП, опфати и „православни црковни молитви и народни игри и ја носеше главната порака дека Србите, каде и да живеат, се еден народ кој тежнее кон истите цели“.

Во декларацијата од настанот се наведува: „Сесрпскиот собир напоменува дека српскиот народ претставува една единствена целина. Српскиот народ низ историјата имал повеќе држави со различни имиња и има право да ја негува својата богата традиција“, цитира АП.

Агенцијата пишува дека „идејата која ја иницираа српските националисти дека сите Срби кои живеат на Балканот треба да бидат дел од истата политичка сфера и да живеат во иста држава, доведе до распадот на Југославија во 1990-те, сметаат многу историчари и аналитичари“.

„Таквите идеи повторно ја туркаат Србија, иако нејзиниот авторитарен претседател Александар Вучиќ и претседателот на босанските Срби Милорад Додик се обидоа да ги намалат заканите за регионот од собирот во Белград“, се оценува во анализата.

„Додик кој на митингот стигна директно од еден од честите состаноци со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, постојано инсистира половината од Босна и Херцеговина која ја контролираат босанските Срби да се освои од кршливата унија и да се придружи на соседна Србија“, наведува АП.

Агенцијата цитира дека Додик кажа дека „мултиполарниот свет кој доаѓа е нешто поинакво од она што некогаш бил светот со кој доминирала една страна (Западот) и ние мораме да ги разбереме тие односи“ и додава дека Додик истакна дека Вучиќ „тоа го разбира подобро од другите“.

„Западните функционери веруваат дека Русија се обидува да го дестабилизира Балканот за барем дел од вниманието да го тргне од својата војна во Украина. Иако формално бара членство во Европската Унија, Србија одби да се придржи на санкциите на Западот против Русија“, заклучува на крајот АП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ