среда, 23 октомври 2024

АП: Србија доби уште една испорака на оружје од Русија, и покрај меѓународните санкции

Србија доби уште една испорака на оружје од својот сојузник Русија и покрај меѓународните санкции против Москва поради нејзината инвазија на Русија, јавува американската новинска агенција Асошиејтед прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата наведува дека „популистичкиот претседател“ на Србија Александар Вучиќ го претставил рускиот антидронски систем за електронско попречување, познат како „репелент“.

„Ова е „репелент“. Не е силен како „красуха“, но е одличен“, ги пренесува АП зборовите на Вучиќ и укажува дека мислел на рускиот систем за електронско војување.

Испораката стигна во Србија пред неколку месеци, иако нејзиниот воздушен простор е целосно опкружен со држави членки на НАТО, кои им се придружија на западните санкции против Русија.

АП потсетува дека Србија е единствената европска земја која одби да се усогласи со санкциите на Европската Унија против Русија и единствената во Европа која продолжува да потпишува договори за соработка со Москва.

Повеќето неодамнешни набавки на Србија доаѓаат од Русија, а другата воена опрема од Кина и некои европски произведувачи на оружје и авиони, додава американската агенција.

Во текстот се наведува дека повеќето говори на Вучиќ за потенцијалните закани се фокусирани на Косово, „поранешната српска покраина која прогласи независност откако НАТО интервенираше за да ја сопре крвавата српска пресметка со албанските сепаратисти во 1999 година“.

„Ако некој би се обидел да изврши агресија на Србија како во 1999 година, технички не би можел да ја изведе на ист начин. Би морале да нападнат однадвор, од далечина, од Јадранско или Средоземно Море, со крстосувачки ракети“, ги наведува АП зборовите на Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ