петок, 14 март 2025

АП: САД и Израел сакаат Палестинците од Газа да ги преселат во Африка

Соединетите Американски Држави и Израел ги контактирале властите на повеќе источноафрикански земји сакајќи да ја искористат нивната територија за преселување на Палестинците од Појасот Газа, пишува Асошиејтед прес повикувајќи се на функционери на САД и Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во врска со тој предлог биле контактирани функционери на Судан, Сомалија и отцепениот регион Сомалиленд, тврди АП.

Судански функционери кажале дека предлогот е одбиен, додека од Сомалија и Сомалиленд кажале дека не знаат за никакви контакти, додава американската новинска агенција.

Претходно овој месец арапските лидери го усвоија египетскиот план за обнова на Газа вреден 53 милијарди долари, со кој би се спречило раселувањето на Палестинците од окупираната енклава, како одговор на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за „блискоисточна ривиера“ без Палестинци.

Трамп предложи американско преземање на Газа за да се обнови разурнатата енклава, откако претходно сугерираше дека Палестинците би требало трајно да се отселат.

Планот на Трамп ги засили палестинските стравувања дека ќе бидат трајно протерани од своите домови и наиде на широко меѓународно отфрлање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ