сабота, 27 јули 2024

АП: Меѓу успесите на НАТО е избегнувањето граѓанска војна во Македонија во 2001

На 75-годишнината од основањето на НАТО Асошиејтед прес вели дека меѓу своите понови успеси Алијансата ги вбројува напорите да се избегне граѓанска војна во Македонија.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Меѓу поновите успеси, како што растеше од Студената војна и по падот на Берлинскиот ѕид, НАТО го вбројува бомбардирањето од 1999 година врз поранешна Југославија за да ѝ стави крај на крвавата акција врз сепаратистичките етнички Албанци и нејзините напори за влакно да се избегне граѓанска војна во Македонија во 2001 година“, вели американскиот медиум.

Во почетокот на конфликтот во Македонија во 2001 тогашниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, униформираните припадници на УЧК ги нарече криминалци и терористи. Подоцна нивните квалификации се сменија.

На 27 март 2020 година Македонија стана 30-та членка на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ