среда, 18 декември 2024

Антонио Апостолски е адвокатот на избеганиот Перпарим Бајрами

Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државната лотарија, за свој застапник пред судот го одбрал адвокатот Антонио Апостолски од Скопје, дознаваме МКД.мк од судски извори.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера на адвокатот Апостолски му му било предадено полномошно лично потпишано од осомничениот Бајрами. По поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами од вчера е распишана и потерница и определена му е мерка притвор.

Адвокатот Апостолски пред судот изјавил дека нема информација каде се наоѓа неговиот клиент. Артан Груби, поранешниот вицепремиет и Бајрами се осомничени за проневера во Државна лотарија. Се претпоставува дека двајцата се избегани во Косово или во Албанија.

Основниот кривичен суд Скопје одлучи да им изрече мерка притвор во траење од 30 дена откако било утврдено дека се недостапни за органите на прогонот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ