сабота, 27 јули 2024

Антонио Конте е нов тренер на Наполи

Наполи потврди дека потпиша договор со Антонио Конте, искусниот италијански стратег ќе го води тимот на Наполитанците од следната сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Конте потпиша договор до 2027 година. Тој ќе има задача да го врати Наполи на врвот во италијанскиот фудбал по лошата сезона во која не се пласираа ниту во Европа.

„Наполи е место со глобално значење. Среќен сум и возбуден што ќе седам на клупата на овој тим. Можам да ветам една работа, ќе дадам се од себе за напредок на тимот и клубот. Мојата посветеност и на стручниот штаб ќе биде комплетна“, рече Конте.

По освоената титула и разделбата со Спалети, Наполи се обиде со тројца тренери, но ниту еден немаше добри резултати.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ