Не се грижете, БЈРМ ќе ја освоиме за 20 минути со 5 авиона и 10 тенка.
Вака реагира солунскиот митрополит Антимос на вевчанскиот карневал, прераскажувајќи наводен разговор помеѓу поранешните први луѓе на Србија и Грција, Милошевиќ и Мицотакис. „Дали сте заинтересирани за ваква интервенција. Грција не е, ние тоа ќе го направиме по мирен пат“, го раскажува Антимос наводниот дијалог меѓу Милошевиќ и Мицотакис, пренесува грчкиот портал newsbomb.
Ова Антимос го кажал на неделната литургија и по којзнае кој пат ја претворил во политичка проповед. Тој неодамна исто така како реакција на најавата за отворање македонска радиостаница во Лерин, ги повика Грците да се соберат и на вандалски начин да спречат на грчка територија да се емитува програма на македонски јазик. Според Антимос, радиото ќе било инструмент на пропаганда. На јавен настап пред верниците побара да се екипира еден автобус со 50 Грци што ќе заминат во Лерин и ќе ја уништат станицата.
Антимос и лани својата божиќна литургија ја искористи за политички говор. „Не смее скопјаните да се нарекуваат Македонци, а „Воинот на коњ“, никако не може да биде Александар“, рече тој тогаш.