сабота, 27 јули 2024

Антикорупциска ќе проверува како биле издадени дозволите за хидроцентрала на внукот на Ахмети

Објавено на

часот

Сподели

Во гостување во дневникот на Сител прашана во врска со актуелни случаи поврзани со семејството на лидерот на ДУИ, односно со внуците и синот на Али Ахмети и конкретно барањата на опозицијата да ја провери имотната состојба на внукот Дрин Ахмети кој без ниту еден денар стекнал 39 проценти од акциите во ТЦ „Соравија“, Ивановска појасни дека тој не е функционер и немаат надлежност да ја испитуваат неговата имотна состојба.

„За да испитуваме ние имотна состојба на Дрин Ахмети немаме надлежност бидејќи тој не е функционер. Меѓутоа, ние можеме да постапуваме од аспект на тоа како постапувале институциите, кога му ги давале дозволите за работа. Значи, од тој аспект, да, може да постапува ДКСК“, рече Ивановска.

Таа при тоа потврдно одговори дека проверките ќе бидат направени од Антикорупциска за како биле издадени дозволите. Воедно, појасни дека за да се отвори предмет по сопствена иницијатива, одлуката треба да биде донесена на колегиумот на антикорупционерите. 

„За ние за да отвориме предмет треба сите околности да ги ставиме на едно место и на колегиум да донесеме одлука по сопствена иницијатива да отвориме предмет. Меѓутоа, една колешка ни е на скрининг. Моментално на работа сме две колешки. Следната недела мислам дека ќе имаме кворум за да имаме колегиум. Во меѓувреме си ги правиме истражувањата кои се’ институции се вклучени во неговиот случај, така што кога ќе имаме колегиум да бидеме подготвени и да кажеме овие и овие ситуации се пред нас“, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ