сабота, 21 декември 2024
Да се изгласа новиот предлог закон за игри на среќа

Антикоцкање бара поддршка од пратениците да се оддалечат обложувалниците од училиштата

Новиот Предлог закон за игри на среќа кој предвидува сите објекти со игри на среќа да се оддалечат најмалку 500 метри од училишта откако 3 години беше заглавен во собраниските фиоки утре ќе се најде на дневен ред во Парламентот. Од движењето Антикоцкање бараат поддршка од пратениците.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Ние како движење Антикоцкање, бараме законот да не го спречуваат од ВМРО-ДПМНЕ оти 3 години го држеше законот во фиока во Комисијата за финансии и буџет и на крај овој закон мораше да се донесе со европско знаменце, за да може да помине во Собранието. Затоа апелираме до оваа партија дека е крајно време да се оддалечат од овие игри кои не носат среќа и затоа бараме ВМРО-ДПМНЕ да биде присутна утре на гласањето за да може оваа држава да се ослободи од игрите на среќа.Ние како Антикоцкање, бараме затворање на игрите на среќа. Ова е почеток и мислим дека ќе стигнеме до целта“, рече Јуши Емурлаи од движењето Антикоцкање.

Законот треба да помине со просто мнозинство. И покрај несогласувањето во одредена партија кој е дел од власта, од Антикоцкање сметаат дека без разлика на несогласувањата за одредени прашања, кога се работи за предлог законот за игри на среќа, сите пратеници од власта се за овој закон што поскоро да се изгласа.

„Овој закон треба да помине со просто мнозинство со 61 пратеник и мислам дека овој закон ќе помине оти има поддршка за овој закон да се изгласа. Точно е тоа дека во Алијансата за Албанците има некои несогласувања, а тие се дел од власта, но за законот се сите заинтересирани да гласаат, без разлика што во партиите меѓу себе има некои несогласувања. Овој закон е за целата држава, затоа мислам дека сите пратеници ќе бидат утре и ќе гласаат законот.Кога ќе се изгласа законот ние очекуваме да се исполни во пракса. Од казината и спортските обложувалници бараат 3 години време да се дислоцираат, ние дадовме 6 месеци, на крај падна одлука за година дена да може да се дислоцираат сите казина и обложувалници од градовите“, додаваат од таму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ