петок, 27 декември 2024

Антиќ се врати во Атланта и доби големи комплименти: Ти си доживотен бренд на клубот (ВИДЕО)

Претседателот на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ, деновиве е во посета на својот поранешен клуб, Атланта. Македонецот синоќа го следеше дуелот меѓу Атланта и Мајами, а даде и интервју, во кое доби големи комплименти од водителот.

Објавено на

часот

Сподели

Перо Антиќ е првиот и засега единствен македонски кошаркар што играл во НБА. Тој помина две сезони во Атланта хоукс и остави голем впечаток.

Антиќ беше на вчерашниот меч меѓу Атланта и Мајами, даде интервју во кое се потсети на деновите минати во клубот и вети дека во иднина почесто ќе доаѓа.

Македонецот доби и големи комплименти од водителот, кој го нарече Антиќ доживотен бренд на Атланта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ