Ребиќ кој беше слободен играч откако замина од Бешикташ, ја одбра понудата на Лече од оние кои стигнаа до него.
„Лече потврдува дека потпиша со хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ, роден во 1993 година, кој минатата сезона ја помина во Бешикташ“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.
Ребиќ претходно во Серија А настапуваше за Фиорентина, Верона и Милан.