сабота, 19 октомври 2024

Анри е нов селектор на Франција У21

Објавено на

часот

Сподели

Анри кој не беше многу успешен во претходните тренерски обиди, има нова шанса за докажување, овојпат во младинскиот фудбал, ќе ја води селекцијата на Франција У21.

Фудбалската федерација на Франција со задоволство може да го соопшти именувањето на Тјери Анри како селектор на францускиот младински тим за период од две години, до 2025 година“, стои во соопштението.

Тој ќе ја води и олимписката селекција на Франција на ОИ во Париз 2024 година, како и селекцијата У21 низ квалификациите за ЕП У21 2025.

Дебито на Анри на селекторската позиција ќе биде на 7. септември против Данска во пријателски меч, а четири дена подоцна во Копер игра против Словенија квалификациски дуел за ЕП У21 2025.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ