сабота, 27 јули 2024

Анкетите во Британија ја предвидуваат најголемата победа на лабуристите во историјата

Главната британска опозициска Лабуристичка партија е подготвена за најголемата победа досега на изборите следниот месец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ројтерс пишува дека се очекува поубедлива победа од 1997 година, предводена од поранешниот премиер Тони Блер.

Анкетата на Југов предвидува дека централно-левичарските лабуристи на Кир Стармер ќе освојат 422 места во парламентот, со што ќе го добијат мнозинството од 194 места, додека конзервативците на премиерот Риши Сунак се на пат за нивниот најмал број пратеници во повеќе од еден век.

Се очекува конзервативците да спаднат на само 140 места, губејќи ги клучните области во земјата како Лондон, североистокот и Велс.

Вклучувањето на десницата и на еден од главните поборници за брегзит Најџел Фараж уште повеќе ќе им наштети на ториевците, имајќи предвид дека Фараж најверојатно ќе одземе дел од гласовите во десничарското гласачко тело.

Британците се разочарани од лошата економска ситуација во земјата, високите животни трошоци и несигурноста. Така, конзервативците ќе се повлечат од власт по повеќе од 15 години.

Парламентарните избори во Обединетото Кралство се закажани за 4 јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ