Околу 15 отсто од гласачите посочиле дека ќе гласаат за независниот кандидат Роберт Кенеди Помладиот, додека актуелниот претседател, демократот Џо Бајден има поддршка од 39 отсто од гласачите, а републиканскиот кандидат Доналд Трамп има поддршка од околу 38 отсто од гласачите.
Се проценува дека Кенеди би можел да им ги одземе гласачите и на Бајден и на Трамп, а во случај само двајцата да бидат избор, 50 отсто од регистрираните гласачи би гласале за Бајден, а 48 за Трамп, наведува Ројтерс.
Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември.