петок, 18 октомври 2024

Анкета: Трамп има голема предност за претседателската номинација на републиканците

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има голема предност пред соперниците за републиканската претседателска номинација само пет дена пред почетокот на изборното натпреварување по сојузните држави, покажува анкета на Ројтерс и Ипсос објавена денес.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп го поддржуваат 49 отсто од републиканците, покажуваат резултатите на анкетата. Поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли добила поддршка од 12 отсто од републиканците, а гувернерот на Флорида Рон Десантис 11 отсто. Околу 18 отсто од анкетираните кажале дека не знаат кого би поддржале.

Во анкетата спроведена низ земјата учествувале 1.941 Американец кои се изјаснуваат како републиканци, што значи дека не може нужно да се предвиди кој ќе победи на изборите во понеделник во Ајова, првиот од државните номинациски натпревари кои ќе одредат кој ќе се обиде да го урне демократскиот претседател Џо Бајден на изборите на 5 ноември.

Шансите во трката речиси не се изменети од летото, иако на Трамп му се натрупаа правни проблеми, а неговите соперници со месеци спроведуваат изборна кампања.

Повеќето истражувања на Ројтерс и Ипсос спроведени од август покажаа дека Трамп има поддршка од околу половина од републиканското гласачко тело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ