Републиканскиот кандидат Трамп има два до осум процентни поени предност пред демократскиот кандидат Бајден во Пенсилванија, Мичиген, Аризона, Џорџија, Невада и Северна Каролина, држави чии гласачи традиционално не се предвидливо одредени за кандидат на една од партиите.
Во оваа анкета на Волстрит џурнал биле понудени и кандидати кои не припаѓаат на Демократската и Републиканската партија, но се напоменува дека резултатите биле слични и кога на анкетираните им биле понудени само Трамп и Бајден, пренесува Ројтерс. Бајден имал предност само во Висконсин од три процентни поени.
Анкетата била спроведена од 17 до 24 март и имала вкупно 4.200 гласови, односно по 600од седум држави, а маргината на грешка била плус или минус 1,5 процентни поени за целиот примерок, а четири процентни поени за резултатите во поединечните држави.