сабота, 27 јули 2024

Анкета: Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од половина, 55 отсто, би гласале за повторно влегување во ЕУ, наспроти 31 отсто од оние кои рекле дека би биле за останување надвор од Унијата, доколку референдумот би се одржал на денот на анкетирањето. Пред нешто повеќе од две години, во јануари 2021 година, 49 отсто од анкетираните изјавија дека ќе гласаат за повторно приклучување, додека 37 отсто биле против.

Премиерот Риши Сунак во мај рече дека брегзит ќе донесе придобивки, наведувајќи ја политиката на слободните пристаништа и намалувањето на ДДВ, што според него ќе ги поевтини пивото и санитарните производи.

Економистите велат дека слободните пристаништа, специјалните зони кои содржат даночни и царински олеснувања и поедноставени трговски регулативи, веројатно нема да ја поттикнат британската економија, но може да имаат ограничена вредност како алатка за регионален развој.

Британските деловни инвестиции едвај пораснаа од средината на 2016 година, за разлика од другите напредни економии. Додека економистите кои го поддржуваат брегзит укажуваат на фактот дека капиталот силно растеше во годините пред 2016 година и требаше да забави, деловните анкети укажуваат на брегзит како една од причините за стагнацијата.

Анкетата на Ју-гов во која учествуваа повеќе од 2.000 Британци покажа дека 63 отсто сега го гледаат брегзит повеќе како неуспех отколку како успех, во споредба со 12 отсто кои го сметаат повеќе за успех.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ