петок, 10 јануари 2025

Анкета на НДИ: За мнозинството граѓани земјата се движи во погрешна насока

Објавено на

часот

Сподели

Интересно е тоа што кај гласачите и симпатизерите на ДУИ само 5% веруваат дека криминалот и корупцијата се најголемите проблеми во Македонија, насприоти 39 отсто кај гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и 14 % од гласачите на СДСМ.

Низок е процентот кај гласачите за тоа дека веруваат дека интеграцијата во ЕУ е најголемиот проблем – 5% кај ВМРО-ДПМНЕ, 17% кај СДСМ, 8% кај ДУИ и 6% кај неопределените.

б

Ако утре се одржат парламентарни избори 21,5 отсто од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 13,9 за СДСМ, а 6,2 за ДУИ, покажуваат резултатите од анкетата на НДИ. Дека државата се движи во погрешна насока сметаат 56 отсто од граѓаните, додека 11,1 отсто велат дека се движи во правилна.

На прашањето за кого би гласале ако утре се одржат избори, 3,6 отсто се определиле за Беса, 3,4 за Алијанса за Албанците, за Левица би гласале 2,9, а за движењето на Максим Димитриевски 1,7 отсто. Нема да гласаат 16,7 отсто, а високи 18,3 проценти сѐ уште не знаат или не одлучиле за кого ќе гласаат.

д

Од оние 56 отсто кои сметаат дека државата се движи во погрешна насока за 18 отсто главна причина е корупцијата и криминалот, за 15,3 отсто тоа се високите цени и инфлацијата, лошите политики и работата на владата се причина за 14,2 отсто, потоа следуваат сиромаштијата и нискиот животен стандард со 7,8 отсто, а многу помалку односно 3 отсто како причина ги наведуваат преговорите со ЕУ и проблемите со Бугарија. Една третина од граѓаните, односно 31,3 отсто се неутрални и велат дека државата не се движи ниту во правилна, ниту во погрешна насока, а само мал процент од 1,6 отсто велат дека не знаат.

д

Интеграцијата во ЕУ и отвореното прашање со Бугарија е најважен проблем со кој се соочува државата за само 6,7 отсто од граѓаните и е на петто место според анкетата, на која доминираат економските проблеми.

„Граѓаните на Северна Македонија се загрижени за намалениот квалитет на живот“, вели Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на НДИ во Северна Македонија.

Според него, мнозинството граѓани ќе ги поддржат политичките партии кои имаат економски план што ќе помогне да се подобри животниот стандард и да се понудат економски можности.

е

Анкетата е спроведена теренски лице-в-лице, нарачано од НДИ, на репрезентативен примерок од 1003 испитаници на возраст од над 18 години во периодот од 13 до 24 април годинава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ