петок, 26 јули 2024

Анкета на ИРИ: Димитриевски е на врвот на листата на најомилени политичари во Македонија

На листата на омилени политичари во земјата Максим Димитриевски e на врвот. Ова го покажуваат резултатите на анкетата на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Димитриевски е политичарот за кој 48 отсто од испитаниците во Македонија дале позитиво мислење – 33 отсто имаат позитивно мислење и 15 проценти многу позитивно.

Објавено на

часот

Сподели

За Христијан Мицкоски позитивно се изјасниле за три проценти помалку испитаници, односно 45 %. Димитар Апасиев 31 процент го оцениле позитивно, а 54 отсто од
испитаниците имаат негативно или многу негативно мислење за него.
За Димитар Ковачевски само 23 проценти од анкетираните граѓани имаа позитивно мислење, а дури 68 проценти од испитанците за него искажале негативно или многу негативно мислење.
Али Ахмети и Арбен Таравари имаат позитивна оценка од 19 проценти, со тоа што кај Ахмети 10 проценти се изјасниле дека имаат многу позитивно мислење, а 9 позитивно. Кај Таравари тој однос е 5% со многу позитивно, а 14 со позитивно мислење.
Од податоците изнесени во анкетата може да се заклучи дека најнеомилен политичар во Македонија е Али Ахмети за кого 72 посто од испитаниците рекле дека имаат негативно или многу негативно мислење за него, додека за Арбен Таравари 68 посто рекле дека имаат негативно или многу негативно мислење, исто како и за Димитар Ковачевски.


Инаку во анкетата на Институтот се опфатени и други прашања од значење
за животот на граѓаните во земјите од Западен Балкан.
На прашањето дали би го поддржале приклучувањето на Македонија кон ЕУ ако денес се одржи референдум, 68 отсто од испитаниците одговориле позитивно. Но, 47 проценти од нив се сомневаат во сериозните намери на Европската Унија да им понуди членство на земјите од Западен Балкан.
Испитаниците во Македонија членството во НАТО го оценуваат како позитивно за што се изјасниле 70 посто од испитаниците, од кои 32 посто како многу позитивно и 38 проценти позитивно.
Повеќето испитаници, 55 проценти, одговориле дека знаат што е иницијативата Отворен Балкан, а 48 проценти ја поддржуваат.
Резултатите од анкетата покажуваат дека 78 проценти од испитаните граѓани во земјава сметаат дека државата оди во погрешен правец, 90 проценти од анкeтираните граѓани се изјасниле дека корупцијата ја сметаат за сериозен проблем.
Крадењето и лошото менаџирање се оценети како основен тип на коруптивно однесување со 26 проценти, а потоа доаѓа работењето во личен, наместо во
интерес на граѓаниете со 25 посто.
Како најкорумпирани се оценети поличарите – 26 посто, а потоа судството со 23 проценти. Корупцијата преовладува на државно ниво, 48 посто, додека на локално ниво неа ја перцепираат 11 проценти од ипитаниците.
Граѓаните сметаат дека нема искрена намера во институциите за борба против корупцијата. Па така 59 проценти оцениле дека ја нема во судството, 50 проценти во парламентот, исто толку сметаат дека ја нема и кај премиерот, а 42 проценти кај претседтелот.
Податоците за истражувањето се собрани од 2 февруари до 5 март 2024 година од 1.220 возрасни испитаници во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ