понеделник, 20 јануари 2025

Анкета меѓу 13 НАТО земји: најголема поддршка во Полска и Холандија, најмала во Грција и Турција

Анкета спроведена меѓу граѓани на 13 земји кои се членки на НАТО покажала дека во просек шеесетина отсто од анкетираните имаат позитивен став кон западниот воен пакт, соопшти денес истражувачкиот центар Пју.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Резултатите од истражувањето се објавени пред самитот на НАТО кој се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон, во време полно со предизвици за 75-годишната Северноатлантска алијанса.

Триесет и две земји членки на НАТО ги прилагодуваат своите долгорочни планови и стратегии за да ѝ се спротивстават на Русија во конфликтот во Украина.

Од друга страна повторното кандидирање на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави, човекот кој зборуваше многу критично за сојузниците во НАТО и со восхит за рускиот претседател Владимир Путин, загрижува некои земји членки од воениот пакт околу идната посветеност на САД, најсилната војска и економија во НАТО.

Поддршката за НАТО меѓу 13-те земји каде била спроведена анкетата била највисока во Полска со 91 отсто, а следеле Холандија со 75 и Шведска со 72 отсто.

Полска и Шведска се соседи на Русија – Шведска има поморска граница со неа, а Полска граница со руската ексклава Калининград. Шведска е најновата членка на Алијансата која официјално се придружи оваа година, менувајќи ја политиката на неутралност.

Меѓутоа, само 37 отсто возрасни во Грција велат дека го поддржуваат НАТО, што е најниска поддршка меѓу набљудуваните земји, додека 59 отсто кажале дека имаат негативен став кон воениот пакт.

Истражувањето тврди дека 63 отсто луѓе во Канада гледаат позитивно на НАТО, 66 отсто во Британија, 64 во Германија, 63 отсто во Унгарија, 60 отсто во Италија, 54 отсто во Франција, 45 отсто во Шпанија и 42 отсто во Турција.

Кога станува збор за Турција, тоа е речиси двојно поголема поддршка за НАТО од претходната анкета во таа земја објавена во 2019 година.

Претходно беа објавени резултатите од САД, каде 58 отсто од анкетираните го поддржуваат НАТО.

Истражувањето било спроведено од почетокот на јануари до средината на мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ