сабота, 19 октомври 2024

Анкета: Харис и Трамп сè уште ја имаат истата поддршка во седум клучни држави

Американската потпретседателка Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп сè уште имаат речиси иста поддршка од гласачите во седум клучни сојузни држави, според анкетите чии резултати се објавени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Анкетите спроведени од двопартиски тим на анкетари покажуваат дека Харис води меѓу еден и три проценти во пет држави, што е во рамките на маргината на грешка, пренесе Политико.

Харис има три отсто предност во Мичиген, а симболична предност меѓу еден и два отсто во Аризона, Невада, Пенсилванија и Висконсин.

Трамп има два отсто предност во Џорџија, додека Харис и Трамп се изедначени во Северна Каролина.

Во секоја од тие држави, резултатот бил статистички непроменет од последната анкета, спроведена во средината на август.

Во мајското истражување, кога претседателот Џо Бајден сè уште беше во трка, Трамп водеше во шест држави, додека резултатот беше изедначен во Висконсин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ