недела, 5 јануари 2025

Анкета: Германците би поддржале западни мировни сили во Украина, но без германски војници

Повеќето Германци ја поддржуваат идејата за западни воени сили за одржување на мирот во Украина во случај на примирје, но без учество на германската војска, покажува анкета објавена денес. Истражувањето на агенцијата Југов за новинската агенција ДПА покажува дека 56 отсто од анкетираните поддржуваат испраќање западни војници во Украина. но поддршката за учество на германски војници во таква мисија е многу пониска – со тоа се сложуваат само 23 отсто од Германците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

33 отсто се против учество на германската војска, а 19 отсто се против каква било меѓународна мисија во Украина. Четвртина од анкетираните немаат мислење за таа тема. Анкетата е спроведена преку интернет меѓу 20 и 23 декември и вклучувала 2.194 луѓе од цела Германија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц одбива расправа за испраќање сили на НАТО во Украина, а и германскиот министер за одбрана Борис Писториус го дели неговиот став.

Писториус истакна дека таа расправа ќе се води дури кога ќе се постигнат услови за примирје, но додаде дека Германија, како најголема европска членка на НАТО, мора да биде дел од евентуалната мисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ