четврток, 30 мај 2024

Анкета ЦРПЦ: ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, Давкова пред Пендаровски, Таравари и Османи во тесна трка

Центарот за политички истражувања и комуникации (ЦРПЦ)), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги „Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на парламентарните избори. На прашањето за која партија би гласале, граѓаните одговориле дека на ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 22,8 отсто од анкетираните, додека за СДСМ 16,3 отсто од испитаниците. Што се однесува до претседателски избори анкетата на ЦРПЦ покажува дека  кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова води пред конкурентот, актуелниот претседател и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, а Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи од Европскиот фронт предводен од ДУИ се во тесна трка.

Објавено на

часот

Сподели

Во албанскиот политички блок резулатите покажуваат дека разликата е доста помала. За албанската опозиција предводена од коалицијата Вреди би гласале 7,7 отсто од анкетираните, додека за Европскиот фронт предводен од ДУИ својот глас би го дале 6,9 отсто од испитаниците. За партијата Левица би гласале 3,9 од анкетираните. За партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски би гласале 3,2 отсто од анкетираните. 17,6  отсто одговориле дека нема за никого да гласаат, а 22,6 отсто не дале никаков одговор.

Што се однесува до претседателски избори анкетата на ЦРПЦ покажува дека кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова води пред конкурентот, актуелниот претседател и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, а Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи од Европскиот фронт предводен од ДУИ се во тесна трка.

На прашањето за кој кандидат би гласале на претседателските избори граѓаните со одговориле дека за кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова би гласале 20,4 отсто од испитаниците, а за нејзинот главен конкурент актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ својот глас би го дале 16,8 отсто од анкетираните.

Во албанскиот политички блок Арбен Таравари од коалицијата Вреди според направената анкета води пред Бујар Османи од европскиот фронт предводен од ДУИ.

Па така за Таравари би гласале 7,9 отсто од испитаниците, за Османи пак 6,9 отсто од анкетираните. За Максим Димитриевски од ЗНАМ пак својот глас би го дале 2,7 отсто од анкетираните, додека за Билјана Ванковска од Левица би гласале 2,6 отсто од испитаниците. За кандидатот Стевчо Јакимовски од ГРОМ би гласале 1,2 отсто од анкетираните. 18,2 отсто одговориле дека нема за никого да гласаат, а 23,2 отсто не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 8 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето било спроведено на ниво на цела Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи и географската распределба.

Маргина на грешка на оваа анкета е плус или минус 3 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ